Се подготвува враќање на возот Солун - Скопје

Bez autora
Sep 11 2013

Грчката железница ОСЕ планира одново да ја воспостави меѓународната патничка линија Солун - Скопје. Првиот човек на железницата, Атанасиос Зилиаскопулос, за време на прес-конференцијата на ОСЕ во рамки на меѓународниот саем во Солун најави дека се работи на тоа во текот на следната година да бидат вратени трите меѓународни линии од Солун кон Македонија и Србија и кон Бугарија и Турција. ОСЕ ги укина Меѓународните возови од Грција во почетокот на 2011 поради големи финансиски проблеми и неодржливост на линиите. Целта на враќањето на линиите Солун - Скопје - Белград, но и оние кон Софија и Истанбул е да се услужи големиот број на туристи од Македонија, Бугарија и Турција кои доаѓаат во Грција.

Се подготвува враќање на возот Солун - СкопјеГрчката железница ОСЕ планира одново да ја воспостави меѓународната патничка линија Солун - Скопје.

Првиот човек на железницата, Атанасиос Зилиаскопулос, за време на прес-конференцијата на ОСЕ во рамки на меѓународниот саем во Солун најави дека се работи на тоа во текот на следната година да бидат вратени трите меѓународни линии од Солун кон Македонија и Србија и кон Бугарија и Турција. ОСЕ ги укина Меѓународните возови од Грција во почетокот на 2011 поради големи финансиски проблеми и неодржливост на линиите.

Целта на враќањето на линиите Солун - Скопје - Белград, но и оние кон Софија и Истанбул е да се услужи големиот број на туристи од Македонија, Бугарија и Турција кои доаѓаат во Грција. „Летото 2014 сакаме да ја имаме можноста да пренесуваме туристи од Бугарија, Србија, Скопје на нашите плажи“, потенцира Зилиаскопулос претставувајќи ги плановите и приоритетите на железницата. Според процените на ОСЕ, враќањето на линијата Солун - Скопје, која потоа продолжува кон Белград, може да почне уште утре. За Зилиаскопулос ова е најлесната меѓународна железничка линија, за чие повторно воспоставување нема никакви ниту економски ниту технички проблеми. За разлика од оваа линија, ОСЕ треба да надмине одредени пречки за поврзувањето со Софија и Истанбул. Една од пречките се финансиските проблеми со кои се соочуваат Бугарските железници, што предизвикува одолжување и доцнење на проектот за враќање на линијата Солун - Софија. Проблемите за линијата кон Турција се повеќе технички бидејќи на пругата периодов се изведуваат технички работи, кои се очекува дека ќе траат со сигурност до првите месеци на следната година.

Со цел да им се излезе во пресрет на туристите кои би патувале со воз до Солун, од ОСЕ планираат и подобро поврзување со меѓуградските автобуси кои возат од Солун до туристичките места на Халкидики, до чија главна појдовна станица, која се наоѓа во близина на маркетот „Карфур“ во насока кон ИКЕА, во моментов нема директна автобуска линија од железничката станица. Зилиасопулос нагласи дека е запознат со ситуацијата оти македонските туристи плаќаат поскапи цени за да дојдат со автобус до Солун или Халкидики отколку што би ги чинело да патуваат со воз. Токму поради тоа најави дека ОСЕ преговора со државната компанија за меѓуградски сообраќај од Солун за Халкидики, да се постави линија од железничката станица до главната автобуска станица за Халкидики. Според процената на Зилиасопулос, постои позитивно расположение да биде воспоставена ваква линија со која ќе се олесни превозот до Халкидики.

Ваквиот чекор на ОСЕ ќе помогне повторно да заживее железничкиот транспорт меѓу Македонија и Грција, кои во моментов немаат ни авионски, ни железнички директен патнички транспорт. Грчките и македонските железници успеаја да склучат договор за привремена употреба на патничката линија Солун - Скопје летото 2012 за време на викендите за да им излезат во пресрет на туристите од Македонија. Пред да биде прекината линијата во 2011 поради финансиски проблеми на грчката страна, возот Солун - Скопје, кој сообраќаше два пати дневно беше популарен и меѓу македонските студенти во Солун и граѓаните кои патуваа за работа или прошетка, но и меѓу граѓаните кои од Скопје патуваа до Велес, Неготино, Демир Капија и Гевгелија поради неговата брзина во споредба со брзината на обичните локални возови. Цената на повратен билет до Солун беше 1.500 денари, а за студентите и младите до 26 години имаше попуст и изнесуваше 1.200 денари за студенти и млади до 26 години. Единствениот начин во моментов да стигнете до Солун, доколку немате или не сакате да патувате со сопствено возило, се автобуските линии на две македонски компании кои сообраќаат секојдневно кон Солун или, пак, со автобуските шопинг-тури кои одат во Солун само во сабота. Цената на повратните билети се движи од 1.600 до 1.800 денари, со тоа што само една од компаниите дозволува датумот на повратниот билет да биде отворен за датум кога ви одговара, додека пак доколку патувате со другата и сакате да се вратите друг ден од оној кога патувате, цената на билетот ќе биде 3.600 денари. Од Солун потоа може со воз да се продолжи кон туристичките места Катерини, Лептокарија, Платамона и Неи Пори, а со воз до речиси сите туристички места на Халкидики.

Грчките железници се дел од државните компании кои се на листата за приватизирање, но иако има интерес од повеќе инвеститори, како Кина, засега нема најави кога би почнал процесот на нивна продажба.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik